речник контакт

Пожар се приближува на селото С`лп

Гори над Железничка станица Рајко ниско стебелеста шума и трева

Петар Печков

Пожар ја зафати околината на Железничка станица Рајко и селото С`лп. За пожарот предупредија повеќе посетители на ТрМр.

Од велешката ТППЕ го потврдија и кажаа дека нивни екипи се на терен

„Гори ниско стеблеста шума и трева. Пожарот е  во продолжение на огнот кој на почетокот на неделава гореше помеѓу железнички станици Рајко и Пчиња.  За жал освен две екипи пожарникари со осум  луѓе  и две возила и мештани од С`лп,  побрана е помош, но засега ги нема екипите од ШС Бабуна ниту од против пожарната единица на железница“ - кажа Љупчо Лепидовски командир на ТППЕ Велес.

Од ШС „Бабуна“ информираа дека подоцна екипа од петмина нивни вработени дошла на терен каде е огнот и учествува во локализирањето.

Пожарот до 19ч. се уште беше активен.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »